Активности

Среда, 14 октомври 2020

Конститутивна седница на Секцијата на Собранието во Парламентарното собрание на Франкофонијата

На 13 и 14 октомври 2020 година беше одржана Конститутивната седница на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата, со која претседаваше претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат  Џафери.

На оваа седница, за претседател на Секцијата беше избран Абдула Салиу, за прв потпретседател - Ненад Коциќ, за потпретседателка Бети Стаменкоска-Трајкоска  и за членови на Бирото на Секцијата беа избрани гСафије Садики-Шахини, Марија Петрушевска и Драгица Ѓавочанова.

Истовремено, Ненад Коциќ, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Сафије Садики-Шахини и Соња Михаиловска се и членови на Делегацијата на Собранието на Република  Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

Click