Активности

Петок, 24 септември 2021

Македонско-германски форум: Панел-дискусија „30 години независност – Улогата на Собранието во демократијата“

Заменик-претседателката на Комисијата за европски прашања, Арта Билали-Зендели, во рамките на Македонско-германскиот форум, учествуваше на Панел-дискусија на тема „30 години независност – Улогата на Собранието во демократијата“, која се одржа денеска во Скопје, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања – МК91.

Форумот го  отвори проф. д-р Норберт Ламерт, претседател на Фондација Конрад Аденауер и поранешен претседател на германскиот Бундестаг, кој се обрати преку видео-конференциска врска и Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија.

На Панел-дискусијата посветена на „30 години независност – улогата на Собранието во демократијата“ како говорници зедоа учество следните пратениците од Собранието: Арта Билали-Зендели, заменик-претседателка на Комисијата за европски прашања; Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграција; Дарко Каевски, член на Националниот совет за евроинтеграции; Моника Зајкова, член на Комисијата за европски прашања и Јован Андоновски како модератор на Панел дискусијата.

Покрај пратениците од Собранието, на Панел-дискуцијата зеде учество и Марион Валсман, пратеничка во Европскиот парламент и потпретседателка на заедничкиот парламентарен комитет на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Имено, на Панел-дискусијата се дебатираше и се разменија ставови во однос на улогата на Собранието на Република Северна Македонија.

Заменик-претседателката на Комисијата за европски прашања, Арта Билали-Зендели, во своето излагање ги сподели своите размислувања и согледувања во однос на улогата на Собранието во процесот на демократијата. Во нејзината дискусија таа истакна дека денес Република Северна Македонија е стабилна и со функционална мултиетничка демократија.

Во рамки на петтиот Македонско-германски форум се промовираше и анализата „30 години независност“.

Click