Активности

Четврток, 18 март 2021

Нашата земја пример за толеранција и мир

Потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели, оствари средба со Ахмед бин Мохамед ал-Јарван, претседател на Глобалниот совет за толеранција и мир.

Во пријателска атмосфера, соговорниците изразија голема меѓусебна почит, задоволство од средбата и можноста да разговараат за темите од заеднички интерес - толеранција и мир.

На почетокот од средбата, потпретседателот Зендели, го запозна гостинот со составот, структурата и функционирањето на нашиот законодавен дом и како заеднички власта и опозицијата се справуваат со пандемијата, која остава не само здравствени, туку и последици врз економијата, образованието и друго важни сегменти во општеството. Во таа насока, тој ја потенцираше важноста од конструктивен дијалогот за секое демократско општество.

„И покрај предизвиците, остануваме посветени на патот кон ЕУ и за нас е важно да станеме дел од европското семејство, каде и географски и културно припаѓаме. Но и покрај ова, не се концентрираме само на Европа, туку соработуваме и со сите други со кои делиме исти цели“ - рече Зендели.

Во продолжение додаде дека како мала земја, нашите капацитети не се многу големи, но со нашите знаења и други можности, можеме да придонесеме кон толеранцијата и мирот на глобално ниво.

Од своја страна, претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, информира дека нивната регионална канцеларија за Балканот е отворена токму тука, што е само знак дека високо се цени она што нашата земја го има направено во насока на добрососедски односи, со визија за толеранција и мир, што е силна порака до Европа и светот.

Ал-Јарван остави отворен простор за слободни идеи за функциорање на оваа канцеларија, со можност да се организираат настани со гости од балканските земји и на тој начин да се покаже дека овој Регион, без оглед на минатото, може да живее во толеранција и мир.

Click