Активности

Вторник, 7 декември 2021

Николоски на средба со Гиоге - Република Северна Македонија и Франција имаат добри односи, економската соработка треба да е приоритет

Во рамките на својата посета на Париз, денеска Александар Николоски се сретна со Силван Гиоге, заменик-директор за европски прашања на Министерството за надворешни работи и европски прашања на Франција.

На средбата се разговараше за билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Франција, при што се констатираше дека истите се во нагорна линија.

Исто така, се разговараше за соработката на Собранието и Француската Република, при што се констатираше дека Собранието е сериозен партнер со којшто може да се разговара за основните прашања во земјава, како што е владеењето на правото, економската соработка, интеграцијата на земјата во ЕУ. Притоа, од Николоски беше искажана желбата за тоа нашата земја да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ затоа што тоа го заслужуваат нејзините граѓани.

Click