Активности

Четврток, 26 ноември 2020

Обраќање на Адеми на работилницата: Патокозот на Северна Македонија до ЕУ“

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, г. Арбер Адеми, учествуваше на работилницата, органзирана од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во соработка со г. Франсоа Лафонд, советник  во СЕП, имаше обраќање на сесијата „Патокозот на Северна Македонија до ЕУ“, по Европско 2021, предизвикот наречен Европска Унија. Во своето обраќање г. Адеми, говореше за парламентарната димензија на  евроинтегративните процеси на земјата, во светлото на најновите случувања по последниот состанок на Советот на министрите на ЕУ на 17 ноември, на кој не ни беше одобрена Преговарачката рамка.

Во тој контекст, истакна дека треба билатералните прашања, во нашиот случај со соседна Бугарија, да не бидат пречка за отпочнување на преговорите за наше зачленување во европското семејство. Истакна, дека нашата држава има позитивен став за добрите односи со сите соседи и во тој контекст и со соседна Бугарија. 

Притоа, Адеми, посочи дека треба да гледаме во иднината и да изнајдеме решенија за сите проблеми, со цел нашиот евроинтегративен процес да оди напред. Затоа, истакна Адеми, треба да ги прифатиме разликите и да најдеме начин да одиме напред, а  минатото да им го оставиме на научните работници, кои не се оптоварени си политичките прашања и динамики, со цел да си ја сработат својата работа со добра волја и верба преку постигнување на заеднички јазик да направат мост во споделената историја. На работилницата свои обраќања имаа вицепремиерот за европски прашања во Владата, г. Никола Димитров, како и амбасадорот на Делегацијата на  ЕУ во Репулика Северна Македонија, г. Дејвид Гир, како и амбасадорите на  Сојузна Република Германија, Француската Република, и претставници на државните институции на експертско ниво, тинк тенк заедницата и граѓанското општество. 

Click