Активности

Вторник, 22 јуни 2021 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА 57 ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ПАБСЕК

Почитуван претседавач, 
Почитувани колеги,  
Гости,  
Дами и господа,  
Ми претставува огромна чест и задоволство, во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име да ви посакам успешна работа и плодна дискусија, како и да ви се заблагодарам за нашето членство во оваа важна Организација.  

Сакам да ве информирам дека нашиот парламент ќе го активира своето членство од јануари 2022 година.

Почитувани пријатели,  
Од самиот почеток, БСЕК и ПАБСЕК преставуваа независен обид на земјите од регионот да ги организираат своите меѓусебни односи на мултилатерално ниво во духот на соработливоста и колегијалоста. Соработката меѓу учесниците останува главнен стожер за успешен  политички и дипломатски дијалог, за јакнење на процесите на евроинтеграции, за јакнење на економските врски во регионот како и за натамошна демократизација на нашите општества. 

Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК) несомнено дава нова вредност на парламентарната дипломатија, но е и важен фактор за јакнење на кохезијата, соработката и комуникациите меѓу зејите од регионот. 
Верувам дека сите ги научивме историските лекции дека пред се дијалогот и соработката, а не  војните, се решение на проблемите и отворените прашања. 

Почитувани колеги, 
Парламентарното собрание, од неговото формирање се докажа како важен организациски форум и, ќе додадам, ефикасен механизам за постигнување на фундаментални принципи и вредности за земјите – членки. 

Ние, во Република Северна Македонија, суштински работиме на исполнување на нашата цел – приближување на Европските идеали, принципи и стандари до нашата држава, но и проближување на Северна Македонија до Европа. Имаме консензус за ова од страна на сите релеантни политички чинители.  
Сето ова е силен мотив, но и обврска за тековното парламентарно мнозинство и влада да максимално посветено да работат на неопходните реформи, но и на надминување на сите оние отворени прашања кои ги обременуваат билатералните односи со нашите соседи и регионот воопшто. 

Дами и господа,
Согласно кажаното, уверен сум дека ПАБСЕК и другите организациски форуми може да помогнат во изнаоѓањето на точните одговори и мерки во тековните геостратешки процеси. Одговори кои ќе нé водат кон јакнење на  регионот и на секоја земја членка поеинечно. Во исто време, наш придонес ќе биде да ги јакнеме мирот, позицијата и улогата на организацијата во глобалните геостратешки текови кои се одвиваат на светско ниво. 

Драги колеги, 
На крајот  дозволете да нагласам дека, ние, како избрани претставници имаме обврска да ги застапуваме интересите на граѓаните и да усвојуваме ефикасни и јасни закони во полза на граѓаните. ПАБСЕК, кое што се потпира на столбовите на регионално сопствеништво, солидарност и инклузивност е одличен форум за размена на мислења, заеднички проекти  исподелување на искуства за најдобри практики.

Ви благодарам.   

Click