Активности

Среда, 17 март 2021 година

Онлајн конференција на Интерпарламентарното собрание на Православието 

Делегацијата на Интерпарламентарното собрание на Православието, составена од пратениците: Ане Лашкоска и Миле Талески, учествуваше на онлајн конференција на ПСП, која се одржа денеска, во Атина, Република Грција.

Во рамки на Конференцијата поздравни обраќања имаа претседателот на Генералното собрание на ПСП, Сергеј Гаврилов и генералниот секретар на ПСП, Максимос Каракопулос. 

На почетокот, генералниот секретар Каракопулос, ја поздрави македонската делегација која за прв пат учествуваше на овој настан.Од негова страна беа презентирани тековните и идни активности на Комитетите во рамките на ПСП, како и комплетирање на новите членови во рамките на ПСП, согласно националните избори кои се одржаа во некои земји членки.

Исто така беше разгледана и една студија и истражување околу новонастанатата ситуација со црквата Аја Софија во насока на заштита на културните знаменитости кои се од големо значење за христијанството, како и Резолуцијата за заштита на христијанските знаменитости во Нагорно Карабах образложена од заменик-претседателот на ерменскиот парламент, Ален Симониан.

Click