Активности

Среда, 9 декември 2020

Онлајн средба на пратеничката Мизрахи со г. Одед Форер

По повод одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел, на 7 декември 2020 година, преку платформата Zoom се одржа онлајн средба на г-ѓа Рашела Мизрахи, претседателка на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел и г. Одед Форер, претседател на Групата за пријателство со Парламентот на Република Северна Македонија во Кнесетот. На средбата присуствуваа и в.д. амбасадорот на Република Северна Македонија во Израел, г. Александар Аврамовски и г. Дан Оријан, амбасадор на Државата Израел во Република Северна Македонија со седиште во Ерусалим, како и секретарите на пратеничките групи.

Разговорот мина во срдечна и пријателска атмосфера, а на почетокот г.Форер изрази особено задоволство од првата виртуелна средба и се заложи за интензивирање на соработката во иднина. Го поздрави особено високо ценетитот однос на Република Северна Македонија кон прашањата на Холокаустот и на зачувување на еврејското наследство како дел од светското наследство на човештвото. Се заблагодари на ангажманот на г-ѓа Мизрахи на натамошната промоција на овие прашања кои заслужуваат вечно внимание, бидејќи како што и самата г-ѓа Мизрахи истакна: “Секоја генерација има свои борци за оваа кауза”.

Претседателката на Групата го запозна својот колега со актуелните случувања на политички план, потоа за прашањата во сферата на односите со соседите, статусот на евроинтегративниот процес на земјата, како и со работата на Собранието.

Соговорниците споделија видувања околу актуелните внатрешно-политички предизвици, можностите за соработка во областа на родовата еднаквост и подобрување на политичкиот, социјалниот и општествен статус на жените, потоа во сферата на образованието, општествениот одговор на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, како и натамошно унапредување на парламентарните релации. Израелската страна понуди помош во било која област, од ескпертска до логистичка, за што државните институции во Република Северна Македонија секогаш може да сметаат на своите израелски пријатели.






 

 

 

 

 

 

Click