Активности

Понеделник, 7 декември 2020 година

Онлајн состанок на Управувачката група за соработка со шведскиот парламент

Управувачката група за соработка со шведскиот парламент, Рикстагот,  на  Собранието на Република Северна Македонија, денеска,  одржа прв онлајн состанoк со Управувачката група на шведскиот парламент.     

 На состанокот учествуваа пратениците: г. Фадил Зендели потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија и претседавач на Управувачката група, потоа г. Мартин Костовски, г-ѓа Маја Морачанин, г-ѓа Гордана Силјановска - Давкова, г. Александар Велјановски, г-ѓа Арта Биљали Зендели и како и г-ѓа Арбана Пашоли.

Управувачката група на Шведскиот парламент е предводена од г-ѓата Лота Џонсон Форнарве, втор заменик претседател на шведскиот парламент.       

Основната цел на соработката со Шведскиот парламент е зајакнување на демократските институции и промовирање на  демократските вредности. Фокусот на соработката е размената на искуства помеѓу парламентарците и градењето на односи помеѓу парламентите со цел да се создадат мрежи и на тој начин да се обезбедат можности за поддршка и размена на знаењата. Предвидено е соработката да трае две до три години со можност за продолжување. 

На состанокот пратениците изразија огромна благодарност до колегите   во шведскиот парламентот за отпочнување на соработка  за поддршка на демократскиот развој на Република Северна Македонија, во период кога ја одбележуваат 100 годишнината од воведувањето на универзалното и еднакво право на глас. Се смета дека  соработката на различни начини ќе ги опфати сите пратеници и ќе придонесе за подобрување на парламентарниот живот, потоа подобро организирање на работниот процес, начинот на одлучување и инклузивност на сите чинители во него.

На состанокот се дискутираа темите за соработка кои се определуваат во договор на двете страни. Соработката ќе вклучува теми како што се: родовата еднаквост, важноста на опозицијата, односите со гласачите и граѓанското општество, отвореност и транспарентност, парламентарна контрола, работа на комисиите, законодавната улога на парламентите, Деловник за работа -  искуства и проблеми, Шведскиот омбудсман, работата на парламентите во пандемија  и други. 

Господин Мики Милковски, заменик на генералниот секратар на Собранието, како и неговиот хомолог од шведската страна имаа обраќања за пандемијата Ковид - 19  и нејзините предизвици и влијание врз работата на парламентот, парламентарците и целото општество.     

На крајот пратениците изразија надеж дека стекнатите знаења и искуства од соработката ќе придонесат за натамошно консолидирање на Република Северна Македонија како и за зголемување на регионалната соработка. 

Click