Активности

Вторник, 22 јуни 2021 година

Онлајн средба Адеми-Сантош

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г.Арбер Адеми, имаше  он- лајн средба  со својот  португалски колега, г.Луис Каполаш Сантош,  во својство на претседател на Комисијата за европски прашања на португалскиот парламент. 

Адеми честитајќи му го Четвртото португалско претседателство со ЕУ, истакна дека  Португалија како актуелна земја претседавач со Европската унија, од самиот почеток го поддржува проширувањето и дава континуирана поддршка на процесот за отпочнување на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Адеми изрази посебна благодарност за португалските напори за изнаоѓање на прифатливи решенија  за приближување на нашите со бугарските ставови, при што истакна дека  решавањето на ова прашање е важно во контекст на  откочување на процесот за проширување и кредибилитетот на ЕУ, но и стабилноста и безбедноста на регионот.

Сантош ја потврди португалската позиција дека Западен Балкан е дел од Европа, при што информира дека проширувањето останува да биде актуелно  и во Агендата на  Конференцијата на ЕУ, посветена на „Иднината на Европа„. Осврнувајќи се на денешнот состанок  на Советот за општи работи  на ЕУ во Брисел, на  чиј дневен ред, меѓу другото, се и одлуките за давање зелено светло за почеток на преговори со двете земји, истакна дека  Португалија  ги поддржува евроинтегративните процеси на Северна Македонија и Албанија, и  донесувањето на одлуки за оддржување на првите меѓувладини конференции.

Click