Активности

Среда, 9 март 2022

Осмомартовски марш со учество на Клубот на пратенички

Вчера, по повод 8 Март, пратенички од Клубот на пратенички одговорија на повикот од Платформата за родова еднаквост и маршираа заедно со претставниците на граѓанскиот сектор, од пред Влада по предвидената рута до Паркот Жена Борец и го проследија нивното обраќање до јавноста и институциите. Оваа година маршот беше под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“.

Пратеничките земаа учество на овој марш за да ги слушнат барањата на граѓанскиот сектор и во тој правец да делуваат во натамошното креирање на јавните политики и носењето на ефикасни законски решенија за економско јакнење на жената како услов за намалувањето на сиромаштијата.

Click