Понеделник, 28 февруари 2022 година
Осветлено Собрание за Меѓународниот ден на ретките болести
Вечерва, Собранието на Република Северна Македонија, беше осветлено во една од боите на ретките, односно во сина боја, со што се приклучи на одбележувањето на Меѓународниот ден на ретките болести, а во знак на поддршка на преку 300 милиони лица кои живеат со некоја ретка болест.
![](content/2022 слики/osvetlenosobranie-retki2.jpg)
Собранието, како дом на граѓаните ја дава својата силна поддршка затоа што силно верува дека сите граѓани на светот имаат исти права на оваа планета и со заеднички труд на сите може да се промени многу.
![](content/2022 слики/osvetlenosobranie-retki3.jpg)
Ретките се многу!
Ретките се силни!
Ретките се моќни!