Активности

Вторник, 14 декември 2021

Павле Трајанов на видео конференција  на ПСЈИЕ

Денес пратеникот Павле Трајанов учестуваше на видео конференција  на Комисијата за економија, инфраструктура и енергија на ПС на ПСЈИЕ во организација на Собранието на Република Србија во Белград. Темата на состанокот беше: “Економиите во Југоисточна Европа во светлината на пандемијата Ковид 19: влогови и перспективи. На конференцијата учествуваа делегации на парламентите на Турција, Грција, Романија, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Хрватска како и претставници на Советот за регионална соработка.    

Во своето обраќање пратеникот Трајанов истакна дека единствениот пат кон побрзо економско заздравување во пост-ковид периодот е регионалниот пазар, односно земјите од Западниот Балкан да станат важен дел од глобалните синџири на производство. Затоа е потребно сите земји во регионот да се обидат да  креираат конзистентни економски политики. Тој укажа дека добрите економски односи во регионот мора да бидат придружувани  со добри политички односи затоа што само на тој начин Иницијативата “Отворениот Балкан” ќе стане реалност.   

На крајот на конференцијата едногласно се усвои Резолуција и Препораки кои  ќе бидат доставени до  земјата претседавач со ПС на ПСЈИЕ 2020-2021 а тоа е  Парламентот на Грција.     

 

Click