Активности

Вторник, 20 април 2021 година    

Петнаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, на  денешната 15. седница, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението;
  2. Предлог-одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на OОН „УНИФИЛ“ во Република Либан;
  3. Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на ООН „УНИФИЛ“ во Република Либан.

На седницата во својство на претставници на Владата на Република Северна Македонија присуствуваа: Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи; Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со криз и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека првата Предлог-одлука се предлага со цел да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Северна Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница. 

Во однос на втората и треттата точка, заменик-министерот за одбрана Хасани, во своето обраќање ги информираше присутните дека Предлог-одлуките се однесуваат за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, со кои се испраќаат еден штабен офицер на Армијата на Република Северна Македонија за период од една година, сметано од септември 2021 година до септември 2022 година и двајца припадници на Армијата на Република Северна Македонија за период од шест месеци, сметано од јули 2021 година до јануари 2022 година. 

На крајот од расправата, Комисијата, ги проследи горенаведените Предлог – одлуки на натамошна постапка во Собранието.

Click