Активности

Понеделник, 23 ноември 2020 година

Петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија, на денешната 5. седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  • Предлог - закон за изменување на Законот за домување;
  • Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем;
  • Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности;

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставник на Владата, присуствуваше Беким Реџепи, заменик-министерот за транспорт и врски.

Реџепи во своето воведно обраќање, ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите. 

На крајот од расправата, Комисијата оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click