Активности

Среда, 11 ноември 2020, Подгорица, Црна Гора

Бети Стаменкоска-Трајкоска: Одржливото однесување кон природата денес, може и ќе направи промени во иднина

Од 8 до 11 ноември 2020 година во Подгорица, Црна Гора, се одржа Форум за животна средина за Западен Балкан, на кој присуствуваше заменикот-членот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Поканата за учество на настанот беше испратена до пратеници во името на Центарот за истражување и креирање политики, во рамки на соработката на Мрежата на школи за јавни политики при Советот на Европа (во случајот на С. Македонија, тоа е Школата за јавни политики „Мајка Тереза“) и Германското друштво за меѓународна соработка – Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа за енергија, превоз и заштита на климата.

Целта на овој форум беше размена на знаења, искуства и политики од Регионот во поглед на енергетската ефикасност, климатските промени, обновливите извори на енергија и урбаната мобилност, особено во светло на постојната пандемија од Ковид-19 и нејзините последици.

Форумот за животна средина за Западен Балкан за цел имаше и вмрежување на македонските пратеници со колегите од регионот, како и со млади истражувачки и идни носители на одлуки од оваа сфера.  

Во овој контекст на колективна одговорност, пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска порача: „Одржливото однесување кон природата денес, може и ќе направи промени во иднина". Глобално и локално да си ја заштитуваме животната средина - заклучи таа.

Click