Активности

Понеделник, 6 декември 2021

Пратеничката Бисера Костадинова-Стојчевска на седница на Комисијата за политички прашања и демократија во Париз

Бисера Костадинова-Стојчевска, заменик-шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, учествува на седницата на Комисијата за политички прашања и демократија, што се одржува денеска во Париз, Франција.

На Комисијата за политички прашања и демократија, членовите расправаа за унапредување на здравстените демократии во Европа, влијанието на BREXIT врз човековите права на островот на Ирска, зачувување на столбовите на демократијата во текот на здравствената криза,  за воведување на статусот „млад партнер“ со Парламентарното собрание, за зајакнување на улогата на Советот на Европа во европската политичка архитектура, за геополитиката на Медитеранот, за формирање на поткомисија за 2022 година и за визијата на Собранието за  стратешките приоритети за Советот на Европа.

Во рамките на дискусијата за јакнење на улогата на Советот на Европа како темел на европската политичка структура, каде стана збор за уназадување на демократијата и улогата на опозицијата и мнозинството во парламентот, Бисера Костадиновска-Стојчевска рече дека парламентарната опозиција не треба да биде пречка за демократски и ефикасен парламент, при што спомна дека нашата парламентарна опозиција со 5.000 амандани спречи промена и дополнување на Деловникот за работа на Собранието, со што ќе се овозможеше работа на законодавниот дом онлајн. Таа, исто така, нагласи дека Парламентот, како целина, треба да се бори против лажните вести за да придонесе за современа демократска средина.

Click