Активности

Среда, 23 јуни 2021 година

Пратеничките прашања се всушност прашања на граѓаните

Собраниска делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ, предводена од Игор Јанушев, шеф на Делегацијата и членовите: Моника Зајкова, Халил Снопче, Диме Велковски, Гордана Сиљановска-Давкова и Берат Ајдари, вчера попладне оствари средба со Ан Линде, министерка за надворешни работи на Кралството Шведска и претседавач со ОБСЕ.

На почетокот од средбата, шефот на Делегацијата, Јанушев изрази задоволство од одличната соработка меѓу нашиот парламент и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел јакнење на парламентарната независност, надзорна функција и демократска улога и промовирање на родовата еднаквост. Тој високо ја оцени и улогата на ОБСЕ во развојот на демократските процеси во бројни области, а пред сѐ во унапредување на меѓуетничките односи, имплементација на Охридскиот рамковен договор, проектите во сферата на децентрализацијата и локалната самоуправа, човековите права и владеење на правото, антидискриминацијата, реформи во судството, изборите и друго.

Претседавачот со ОБСЕ, Ан Линде, јасно ја посочи важноста на парламентарниот дијалог и многу битно e да го има помеѓу партиите, како и функционирање на институциите. Истакнувајќи ја важноста на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, ги истакна главните приоритети, сигурноста, почитување на човековите права, родовата еднаквост, изборите кои се дел од едно сигурно општество.

Ал Линде покажа интерес и за прашањето, за односите на пратениците со гласачите и начинот на кој таа комуникација се остварува.

Пратеничката Сиљановска-Давкова, во таа насока рече дека пратениците треба да ги претставуваат граѓаните, а не партиите, пратеничките прашања што се поставуваат на пленарна сесија на Собранието, се всушност прашања на граѓаните. 

Велковски, член на Делегацијата, уште еднаш ја потенцираше нашата цел да бидеме што поскоро членка на ЕУ, осврнувајќи се на низа реформи направени изминатиот период на тој пат, изборот на ДКСК, носењето на Истанбулската конвенција, продолжување на процесот на Жан Моне дијалогот, како и Буџетската независнот на Собранието.

Пратеникот Снопче, укажа дека немаме проблем со законите, туку проблем е нивната имплементација и ова е врз основа на факти, не на перцепција, и затоа тука треба да се даде поголем придонес. Комуникацијата со гласачите е преку канцелариите за контакт со граѓаните, кои сѐ уште не се функционални, а адут се секако и писмените прашања.

Како дел од Клубот за младински прашања и политики на Собранието, пратеничката Зајкова посочи дека е доста важно да се воведат и младински прашања по принципот на пратенички прашања.

Берат Ајдари заклучи дека како позиција и опозиција треба да најдеме заеднички јазик на нашиот пат кон европското семејство.

На крајот од средбата Ал Линде, додаде дека живоста на дебата овде во Собранието е добар знак за демократијата, погледите на граѓанското општество да продолжат да се инволвираат, со цел нејзина витализација.

Click