Активности

Вторник, 7 декември 2021

Пратеникот Александар Николоски на седница на Правни прашања и човекови права во Париз

Александар Николоски, член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа учествува на седницата на Правни прашања и човекови права, што се одржува денеска во Париз, Франција.

Комисијата ги разгледуваше труењето на Алексеи Навални, за злоупотребата на шенгенскиот систем од страна на земји членки на Советот на Европа како политичко мотивирана санкција, одредување на известувачите за подготовка на извештаи за транспарентен регистар во рамките на Парламентарното собрание, за случаите на тортура и нехуман третман во затворите во Азербејџан и за спречување на дискриминација при вакцинирањето.

Во рамките на работата, Комисијата расправаше и зa иницијативата за резолуција зa наводите за системско мачење во врска со местата за притвор во земјите членки на Советот на Европа, за имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права, за аболицијата на смртната казна и други организациони прашања.

Click