Активности

Среда, 23 јуни 2021 година

Претседателот Џафери го посети Меѓународниот секретаријат на ПАБСЕК во Истанбул

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамките на посетата на Meѓународниот секретаријат на Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка со седиште во Истанбул, оствари средба со генералниот секретар на ПАБСЕК, г. Асаф Хаџиев. Посетата на Секретаријатот се реализира по официјализирањето на нашето членство во оваа Парламнетарно собрание на 22 јуни 2021 година. 

На средбата претседателот Џафери го истакна своето задоволство што Република Северна Македонија стана 13 членка на ова важно Парламентарно собрание и надеж дека сорботката на сите нивоа меѓу државите членки дополнително ќе се продлабочи преку редовните контакти и пленарни сесии.

 Пратениците од сите сообранија на земјите членки на ПАБСЕК ќе имат можност да ја унапредат комуникацијата, соработката и размената на мислења и искуства преку редовните активности во Комисиите на ПАБСЕК. Тој подвлече дека е поборник на парламентарната дипломатија која во рамките на сложената меѓународна ситуација, преку активно учество на парламентите во меѓусебните односи на државите дава позитивен придонес во намалувањето на тензиите, градењето на доверба и наоѓање решенија.

Генералниот секретар Хаџиев истакна дека Meѓународниот секретаријат е од особена важност за ПАБСЕК, затоа што службениците кои се делегирани од службата на земјите членки се носители на институционалната меморија на Собранието и се од клучна важност за успешна реализација на активностите на Комисиите и Пленумот.

 

Click