Активности

Четврток, 29 јули 2021

Презентација за јавното мислење за ЛГБТИ правата во земјава и Регионот

Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на ЛГБТИ лицата во Собранието на Република Северна Македонија, во соработка со Меѓународната организација Civil Right Defenders и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија одржа презентација на на тема „Наодите од регионалното истражување на јавното мислење за правата на ЛГБТИ луѓето“.

Во периодот помеѓу ноември и декември 2020 година, организацијата Civil Rights Defenders, канцеларијата во Белград, изврши истражување на јавното мислење за ставовите за ЛГБТИ правата во Република Северна Македонија. Ова истражување беше спроведено и во сите држави на Западен Балкан и дава најнова претстава околку тоа што мислат граѓаните и какви ставови имаат околу одредени ЛГБТИ прашања и права. Истражувањето е направено на репрезентативен примерок од 6.284 испитаници од сите земји, а во Северна Македонија зеле учество 1.017 испитаници.

Социјалната перцепција кон ЛГБТИ заедницата е исклучително важно прашање и проблем на кој мора да се работи од повеќе страни и на многу начини. Социјалната дистанца и перцепции кон ЛГБТИ луѓето во текот на годините во Република Северна Македонија постојано беше со висок процент и генерира говор на омраза, непочитување на достоинството и форсира начини да се замолкне ЛГБТИ заедницата, но последното истражување покажува промени.

Со оглед на сѐ почестото декларативно залагање за подобрување на законските механизми кои треба да ги заштитат ЛГБТИ луѓето од насилство, говор и дела од омраза, секојдневна дискриминаицја, пристап до правда, здравствени и социјални услуги, беше истакната потребата од побрзо донесување на Законот за матична евиденција, сѐ со цел суштински и конректно делување и промена на овие состојби кои се одолговлекуваат со години. 

Посебен акцент беше ставен на состојбата во изминатите пет години, дека  се зголемува бројот на лицата кои имаат разбирање за ранливата позиција на ЛГБТ луѓето и го поддржуваат остварувањето на нивните права.

На презентацијата свое обраќање имаше и координаторката на ИППГ за правата на ЛГБТИ лицата, Маја Морачанин, која истакна дека во месец август група пратеници ќе присуствуваат во Кралството Данска на „Копенхаген 2021 - светска гордост“ и ќе имаат можност да го презентираат напредокот на правата на ЛГБТИ лицата во Република Северна Македонија.

Парламентарната група за правата на ЛГБТИ лицата во Собранието на Република Северна Македонија, заедно со граѓанските здруженија, придонесе за позитивни промени во македонското општество, што се потврдува во резултатите од истражувањето.

 

Click