Активности

Вторник, 15 март 2022

Презентиран Извештајот за работата на ИППГ за поддршка на правата на Ромите

Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија одржа работна средба, која ја отвори координаторката на Групата, Љатифе Шиковска.

Таа го презентираше Извештајот за работата на оваа ИППГ за 2021 година, кој претставува приказ на сите активности на Групата за минатата година, со точен  број и опис на одржани работни средби, кои со оглед на пандемијата на Ковид-19 се одржуваа според моменталните препораки.

Во продолжение, координаторката Шиковска ги презентираше и предлозите за идните активности на ИППГ врз основа на акцискиот план за 2022 година, кои опфаќаат локални посети на Единиците на локални самоуправи, јавни дебати и состаноци за родова еднаквост.

Во своето излагање, координаторката Шиковска посебен акцент стави на заемната соработка на ИППГ со Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието на Република Северна Македонија.

Од своја страна, претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли, истакна дека заедничката работа на Комитетот и ИППГ ќе придонесат за подобрување на образовните, родовите и здравствените потреби на Ромската заедница.

На средбата присуствуваа пратениците: Љупчо Балкоски, Игор Здравковски, Арбана Пашоли, Санела Шкријељ, Олга Лозановска, Дафина Стојаноска, Даниела Христова, како и Филип Кондовски, претставник од канцеларијата на НДИ.

Click