Активности

Петок, 3 декември 2021

ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции денеска ја продолжи Третата седница посветена на Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година.

На седницата присуствуваа Џулиан Васало, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија; Милан Предан, амбасадор на Република Словенија и Ото Граф, заменик-амбасадор на Сојузна Република Германија.

Пред Националниот совет за евроинтеграции свое обраќање имаше заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров.

На седницата на Националниот совет за евроинтеграции со свои дискусии и сугестии учествуваа: Џулиан Васало, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија; Александар Николоски, претседател на Советот; Соња Мираковска, потпретседателка на Советот и членовите на Советот: Рина Ајдари, Зеќир Рамчиловиќ, Љупчо Пренџов и Гордана Силјановска-Давкова.

На седницата присуствуваа и претставници од: Сојузот на стопанската комора, Сојузот на стопанските комори, Стoпанската комора на Северозападна Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати, Сојузот на синдикати на Македонија, Македонска православна црква – ОА.

 

»»» Стенографски белешки

»»» Записник

Click