Активности

Понеделник, 30 август 2021

Прва редовна координација по колективниот одмор

Денес во Собранието, на првиот работен ден по враќањето од колективниот одмор на пратениците и ПСРСМ Џафери, се одржа првата редовна координација која што беше во полн состав.

На истата се договорија оваа недела, односно на 1 Септември ќе продолжат со преостанатите, незавршени седници а, следната, нова пленарна седница, Претседателот Талат Џафери ќе ја свика на 14 септември.

На крајот, Претседателот Џафери замоли да се почитуваат здравствените протоколи како што се почитуваа и досега, за да се заштити здравјето на пратениците, на вработените и нивните семејства.

Click