Активности

Вторник, 27 јули 2021

Работен состанок на Kомисијата за култура

На иницијатива на директорката на Музејот на македонската борба за самостојност, Даниела Николова, денеска членовите на Комисијата за култура остварија работен состанок во просториите на Музејот.

На состанокот присуствуваа претседателот на Комисијата Кастриот Реџепи, заменик претседателот на Комисијата Зеќир Рамчиловиќ, и членовите Жаклина Лазаревска, Велика Стојкова Серафимовска, Бајрам Кадрија, Арбана Пашоли, Соња Мираковска, Љупчо Балковски, Ане Лашкоска и Даниела Христова.

На состанокот беше дискутирано за теми од областа на музејското работење и заштитата на културното наследство, како и за развојот и унапредувањето на музејската поставка.

Click