Активности

Среда, 15 декември 2021

Работен состанок на Комитетот за односи меѓу заедниците со претставници на ИРИ

Комитетот за односи меѓу заедниците  вчера, на нивно барање, оствари Работен состанок со претставници на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) во Босна и Херцеговина и во Република Северна Македонија,  на којшто имаше конструктивна дискусија во однос на аспектите за  поголема демократија и подобрување на  интегритетот на државата и обезбедување на  безбедносен амбиент и хармонија во меѓуетничките односи во државата и на државата во меѓународните релации и врски, како и релациите со евро –атланската заедница.

Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) е непрофитна и невладина организација која се залага за напредок, слобода и демократија и работи на зголемување на улогата на маргинализираните, особено жени и млади. ИРИ спроведува програми низ повеќе од 100 држави низ светот.
На Работниот состанок покрај меѓусебното запознавање на гостите со членовите на Комитетот, со досегашната Агенда на активности на Комитетот,  се изврши и презентација на Студијата за Говор на омраза како валута на национализмот: институционалниот одговор во Северна Македонија, изготвена од авторите и истражувачите: Марко Панковски, Миша Поповиќ и Елена Михајлова Стратилати.

На Работниот состанок присуствуваа Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот, членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, Директорот  на ИРИ во БиХ, Борислав Спасојевиќ, неговата  соработничка и Програм офицер, Анеса Омановиќ и Џевахире Прутхи Зајази, Програм менаџер во Канцеларијата на ИРИ во СР Македонија.

По презентацијата на Студијата се водеше меѓусебен разговор на оваа тема, по што беа разменети искуства и предлози за можна соработка и во иднина како што е организирање на седници на Комитетот, работилници, а со цел зајакнување на успешноста на институциите и нивната професионалност.

На состанокот   се предлагаа прашања, идеи и актуелни теми, кои се однесуваат на односите меѓу заедниците во РСМ, говорот на омраза, почитување на  етничкиот идентитет и  интересите на сите македонски граѓани., со што членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците покажаа дека искрено се на линијата  на унапредување на својата работа и  дека  очекуваат Комитетот. на најафирмативен начин да ги реализира своите  надлежности.    

Click