Активности

Среда, 2 јуни 2021

Работен состанок на мрежата ХУГЕН

На 1 јуни се одржа работен состанок на мрежата ХУГЕН - Мрежа на комисиите за човекови права и родова еднаквост на Западен Балкан, поддржано од Фондацијата за демократија на Вестминстер.

На работниот состанок беше презентиран Нацрт-извештајот за постзаконодавен надзор на Законот за општа управна постапка, како дел од активностите на мрежата ХУГЕН.

Свое учество на состанокот земаа членовите на Постојаната анкетна комисија за заштита на граѓанските слободи и права и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, каде беше дискутирано околу концептот на постзаконодавен надзор (ПЗН) и важноста на прегледот на влијанието на законодавството.

Click