Активности

Четврток, 9 декември 2021

Работилница за парламентарна етика и интегритеt

Членовите и заменик-членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието на Република Северна Македонија присуствуваа на Работилница за парламентарна етика и интегритет, во Хотел Парк, Скопје.

Работилницата беше во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, учество зедоа и претставници на службата на Собранието, како и експерти од областа на етиката.

Воведни обраќања имаа Панчо Минов, претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и Радивоје Грујиќ, соработник за демократско управување од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР).

На работилницата беше презентирано мислењето на ОДИХР за Нацрт-етичкиот кодекс и Упатството за примена на Етичкиот кодекс за пратениците.

Во дискусијата за мислењето на ОДИХР за Нацрт-етичкиот кодекс и насоките за спроведување на Етичкиот кодекс, се вклучија пратеници, претставници на службата на Собранието како и експерти од областа.

Click