Активности

Четврток, 23 септември 2021 

Работна средба на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија

Интерпартиската парламентарна група за подршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија одржа работна средба на тема „Ковид кризата и предизвиците во Ромската заедница - Потенцијална поддршка и помош за намалување на последиците предизвикани од Ковид кризата“.

На покана на кординаторката на Интерпартиската парламентарна група за подршка на правата на Ромите,нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, Љатифе Шиковска,присуствуваа  и имаа свое излагање државниот секретар во Министерството за правда Мухамед Точи,од Британската Амбасада во Република Северна Македонија Џилијан Смит и Снешка Илиќ и од Канцеларијата на Европска Унија, Нафи Сарачини.

На средбата координаторката Шиковска истакна дека во Ромската заедница потребно е да има поголема едукација во врска со вакцинацијата и последиците предизвикани од КОВИД кризата.Сите членови заедно со присутните гости се сложија дека потребно е преку институнационализација и соодветни проекти помогнати од меѓународните институции да има што повеќе едукација за здравство,правда образование и други приоритети.

На средбата присуствуваа пратениците: Љупчо Балкоски, Игор Здравковски, Арбана Пашоли, Бојан Стојановски, Петар Ристевски, Олга Лозановска, Лидија Тасевска.

Click