Активности

Среда, 2 јуни 2021

Работна средба на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција

Кординаторката на Интерпартиската парламентарна група за подршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, Љатифе Шиковска, го презентираше Акцискиот план на групата за период 2021 - 2022 година.

На работната средба беше истакнато дека формирањето на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија е израз за безрезервна поддршка за иницирање на активности во Собранието на Република Северна Македонија, кои ќе придонесат за забрзување на процесите на инклузија и интеграција во Република Северна Македонија за заштита и унапредување на правата на Ромите во земјава.

Низ работни средби и други активности оваа група ќе се залага за носење препораки, декларации и законски решенија, сѐ со цел да се забрза процесот за интеграција на Ромската заедница.

На средбата присуствуваа пратениците: Љупчо Балкоски, Игор Здравковски, Арбана Пашоли, Емилија Рамбабова, Марија Петрушевска, Бојан Стојановски,Петар Ристевски, Марија Костадиновска, Миле Талевски, Илија Николовски,Зоранчо Јованов, Велика Стојкова Серафимовска, Борислав Крмов, Гордана Силјановска Давкова,Маја Морачанин и Снежана Ванчева Калевска.

 

Click