Активности

Среда, 9 јуни 2021

Работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли, вчера оствари работна средба со членовите на Комитетот, односно координаторите на групите, каде беа изнесени идеи и предлози во однос на понатамошните активности на Комитетот.

Средбата претставува продолжение на соработката помеѓу членовите кои се пријавени во областа на културата. Учесниците во дискусијата ги презентираа нивните предлози како да придонесат кон развојот на културата, притоа ставајќи посебен акцент на потребата за соработка со Министерството за култура и со националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

Пашоли и членовите истакнаа дека се отворени за понатамошна соработка со Министерството за култура и другите релевантни институции.

Click