Активности

Петок, 3 декември 2021

Размена на искуства и практики во Шведска за демократскиот дијалог меѓу владејачките партии и опозицијата

На вториот ден од студиската посета за демократски развој на шведскиот Риксдаг, Делегацијата на  Собранието на Република Северна Македонија, во состав Фадил Зендели, претседател и членовите Маја Морачанин, Александар Велјановски, Арбана Пашоли, Халил Снопче, Снежана Калеска-Ванчева и Никола Мицевски, пратениците имаа можност да се запознат со работата на Комисијата за европски прашања и нејзината советодавна улога во процесот на преговарање на Шведската влада со Советот на министри на ЕУ. 

Следеше експертска презентација од страна на претставници на шведскиот парламент  за улогата на опозицијата и нејзините можности да предлага иницијативи во законодавниот дом. Потоа пратениците разменија искуства и практики за демократскиот дијалог меѓу владеачките партии и опозицијата и за потребата од менување на односите со текот на времето.

Сите пратеници учестуваа во панел-дискусии поделени во две групи. Разговорите беа во две политички мешани групи кои и понатаму во  текот на соработката ќе се дополнуваат и обработуваат. Особено се акцентираа условите за пратениците во зависност од тоа дали се дел од владејачките партии наспроти опозицијата кога е во прашање работа во Собранието, како и условите за пратениците кои се дел од владејачките партии наспроти опозицијата кога е во прашање јавната расправа.     

Исто така, пратениците имаа можност да остварат средба со шведската асоцијација на локалните власти и региони. По експертската презентација за шведскиот модел на влада и администрација и поделбата на одговорност меѓу нивоата на власта и соработката помеѓу национално, регионално и локално ниво и електоратот следеше дискусија и размена на искуства. Пратениците имаа можност да ја посетат Градската куќа, како и Музејот на Нобеловата награда.  

Click