Активности

Среда, 9 декември 2021

Регионална конференција „Инклузивни политики за Ромите“

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Гордана Сиљановска Давкова и пратеничката Љатифа Шиковска учествуваа на конференцијата „Инклузивни политики за Ромите“, која се одржa во Белград, Република Србија, на 8 декември 2021 година. Конференцијата беше организирана од Вестминстер фондацијата за демократија (WFD) и мрежата HUGEN (Мрежа на парламентарни комисии за човекови права и родова еднаквост на Западен Балкан) и поткомитетот за ромски прашања формиран во Народното собрание на Република Србија, а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Србија.

Гордана Сиљановска Давкова имаше кратка презентација на првиот панел Социјално учество на ромското национално малцинство: нормативна и институционална рамка во регионот (преглед на статусот на ниво на законодавство и стратегии), додека пратеничката Шиковска говореше за улогата на парламентите во регионалната соработка усмерена кон унапредување на положбата на ромската заедница, постоечката рамка и идни чекори.

Како заклучок на регионалната конференција за инклузивни политики за Ромите, беше препознаено дека во наредниот период треба да се организираат слични конференции и мултилатерални состаноци на кои ќе се разговара за понатамошни наоди за имплементацијата на Познанската декларација и ќе се споделуваат искуства, како и пракси во регионот. Исто така, оваа конференција треба да послужи како поттик за секоја од парламенти од регионот да предложат можност за усвојување закон за задолжителни малцински пратеници во парламентите или за препораки до политичките партии да номинираат кандидати Роми. 

Имајќи предвид дека ревизијата на стратешките документи поврзани со положбата на ромското национално малцинство по пописот, а во согласност со неговите резултати, исто така беше препознаена како клучна во регионот, и беше посоќчено дека е неопходно да се интензивира вклучувањето на независни и контролни тела во дискусијата за положбата на ромите. На крајот беше воочено и дека е потребно дополнително поттикнување и вклучувањето на мажите и жените Роми во политичкиот живот и процесите на одлучување.

Click