Активности

Понеделник, 14 јуни 2021

Регионална конференција на парламентарки во Југоисточна Европа

Пратенички од Македонското собрание денеска учествуваа на Регионална онлајн конференција на парламентарки во Југоисточна Европа, во организација на Мисијата ОБСЕ во Црна Гора.

На Конференцијата учествуваа пратенички од Парламентите во Регионот, учеснички од Даблин и Лондон, како и претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР и претставник од УНДП.

Главната тема на Конференцијата беше „Улогата на Парламентите во унапредување на родовата еднаквост и учеството на жените во политиката“, при што беа опфатени теми од областа на родово сензитивно законодавство, насилството врз жените во политиката, соработката за родова еднаквост и учеството на жените во политиката.

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Гордана Силјановска-Давкова, зеде учество како панелист во првата сесија насловена „Родово сензитивни парламенти и законодавство: Добри практики и научени лекции“. Во сите сесии со свои дискусии учествуваа и останатите пратенички од Македонското собрание.

Click