Активности

Четврток, 26 ноември 2020 година

Седма седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на денешната 7. седница, како матично работно тело ги разгледа: 

  1. Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „ЕUТМ RCA“ во Централна Африканска Република;
  2. Предлог-законот за изменување на Законот за приватно обезбедување.

На седницата, во својство на претставници на Владата, присуствуваа Башким Хасани, заменик-министер за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи. 

Заменик-министерот, Хасани за првата точка, ги информираше присутните дека овие мировни мисии се дел од тековните активности на Министерството за одбрана и дека се работи за операција предводена од Европската Унија. Тој образложи дека со Предлог-одлуката е предвидено испраќање на 2 (двајца) штабни старешини припадници на Армијата за период од 7 (седум) месеци, сметано од декември 2020 година до јуни 2021 година. 

Во однос на Предлог-законот за изменување на Законот за приватно обезбедување, претседавачот на Комисијата ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

На крајот од расправата, Комисијата, ги проследи горенаведените предлози на натамошна постапка во Собранието. 

Click