Активности

Понеделник, 28 декември 2020

Седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието, на денешната 7. седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за поштенските услуги.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, кој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

На крајот, Комисијата, без дискусија, со 6 гласа „за“ и 3 „воздржан“ го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за поштенските услуги и оцени дека Предлогот на  законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click