Активности

Среда, 22 септември 2021

Седница на Комисијата за економски, трговски и финансиски прашања на ПАБСЕК

Пратеничката Вјолца Адеми денеска учествуваше на седницата на Комисијата за економски, трговски и финансиски прашања на Парламентарното собрание на Организацијата на Црноморска економска соработка (ПАБСЕК).

Тема на состанокот на Комисијата беше соработката во областа на фармацевтската индустрија меѓу земјите-членки на БИСЕК. Се зборуваше за теми од областа и трендовите во рамките на регионот.

Членовите на Комисијата дискутираа во врска со фармацевтските иновации и напредокот во модерната медицина, како и за решањањето на сложените здравствени предизвици, вклучително и состојбата со Ковид-19, за што е потребна долгорочна посветеност на владите, граѓанскиот и приватниот сектор.

Како еден од заклучоците, беше и потребата во иднина повеќе да се инвестира во фармацевтската индустрија, имајќи предвид дека нејзините позитивни резултати претставуваат придонес за здравјето на сите земји.

Адеми се вклучи во дебатата на Комисијата и притоа истакна дека за прв пат Собранието на Република Северна Македонија е дел од работата на оваа Комисија, а со почеток на 2022 година, активностите ќе се интензивираат.

Пред крајот на седницата, Комисијата го изгласа Извештајот за соработка во областа на фармацевтската индустрија во земјите на БСЕК.   

Click