Активности

Вторник, 27 јули 2021

Седумнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија, на денешната 17. седница, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, поднесен од пратениците: Мартин Костовски, Дарко Каевски, Фаница Николовска, Арбер Адеми, Диме Велковски и Фадил Зендели.

На седницата, во својство на претставник на предлагачите на Предлог-законот, присуствуваше пратеникот Диме Велковски.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Владо Мисајловски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлог-законот.

Во дискусијатa по Предлог-законот учествуваа пратениците Љупчо Балкоски, Владо Мисајловски и Коле Чаракчиев.

По расправата, Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието. 

Click