Активности

Понеделник, 10 мај 2021

Шеснаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието, на денешната 16. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република;
  2. Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија - II читање;
  4. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата - II читање.

На седницата, во својство на претставници на Владата, присуствуваа Радмила Шеќеринска-Јанковска, министерка за одбрана и Назим Буши, заменик-министер за внатрешни работи.

Министерката Шеќеринска-Јанковска ги информираше присутните дека во однос на првата Предлог-одлука се испраќаат двајца, а по втората - еден припадник на Армијата, за период од шест месеци, сметано од јуни до декември 2021 година.

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Миле Талевски, ги извести пратениците дека по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Претседавачот Талевски ги извести пратениците дека по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи (поднесен од пратениците Јован Митрески, Арбер Адеми, Кастриот Реџепи, Илија Николовски и Љупчо Балкоски), во рокот утврден со Деловникот на Собранието, поднесени се 487 амандмани од овластени предлагачи. Два амандмана поднесени од страна на координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се повлечени. Комисијата претресе два амандмана поднесени од пратениците Илија Николовски и Славјанка Петровска и истите ги усвои.

  • Комисијата за одбрана и безбедност ги проследи сите четири точки на натамошна постапка во Собранието.
Click