Активности

Петок, 4 јуни 2021

Шеснаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија, на вчерашната 16. седница, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за генетски модифицирани организми - II читање;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини - II читање;
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за планински патеки - II читање;
  4. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина - II читање;
  5. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за водите - II читање;
  6. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата - II читање;
  7. Предлогот на закон за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк - II читање;
  8. Предлогот на закон за изменување на Законот за поштенските услуги - II читање;
  9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти - II читање;
  10. Предлогот на закон за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем (скратена постапка).

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата, присуствуваа Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски.

Претседателот на Комисијата, Владо Мисајловски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за генетски модифицирани организми, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини и Предлог-законот за изменување на Законот за поштенските услуги. Комисијата ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието.

По Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, беа поднесени вкупно 12 амандмани, во чиј претрес учествуваа пратениците: Ане Лашкоска, Бојан Стојаноски, Александар Велјановски, Арта Биљали Зендели, Здравко Трајанов, Бајрам Кадрија, Бране Петрушевски, Маја Морачанин. Ненад Коциќ, Олга Лозановска и Мирче Аџиоски. 11 амандмани не беа усвоени, а еден беше повлечен од страна на предлагачите. По расправата, Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

Во однос на Предлог-законите за изменување и дополнување на Законите за водите, заштита на природата, заштита од бучава во животната средина и планински патеки, беа изработени Дополнети предлог-закони, во кои се вградени амандмани усвоени од матичното работно тело -  Комисијата за транспорт, врски и екологија и усвоени од Законодавно-правната комисија.

Последните две точки од дневниот ред, Комисијата ќе ги разгледа на наредна седница.

Click