Активности

Вторник, 30 март 2021 година

Шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната 6. седница, како матично работно тело, во прво читање ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата, присуствуваа: Трајан Димковски. заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство; Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство и Александар Диље, раководител на сектор во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Заменик-министерот Димковски ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со истите.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија, со по 5 гласа „за“ по двата Предлог-закона, усвои ист Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлогот на законот и оцени дека е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.



Click