Активности

Петок, 4 март 2022

Средба Арта Билали-Зендели - Амер Капетановиќ

Заменик-претседателката на Комисијата за европски прашања Арта Билали-Зендели вчера оствари средба со Амер Капетановиќ, шеф на политичкиот оддел на Регионалниот совет за соработка (РСС). 

На средбата стана збор за актуелната ситуација во Украина, при што двајцата соговорници изразија жалење поради новонастанатата воена состојба.

На средбата Билали-Зендели информираше за нашите напори за почеток на преговорите со Унијата, со осврт на реализираните европски реформи.

Состанокот понатаму беше посветен на заложбите за регионална соработка преку развивање на билатерална и регионална соработка за сите прашања поврзани со интеграцијата на земјите кандидатки и аспиранти кон ЕУ, како и заложби за блиска и континуирана соработка во рамките на РСС.

Во функција на редовна размена на ставовите по однос на прашања кои што се однесуваат на процесот за проширување на ЕУ, се одржуваат КОСАП конференциите, каде, секогаш, се истакнува важноста од понатамошно развивање на регионалната соработка и добрососедските односи, како значаен столб од процесот за пристапување во Европската Унија.

На средбата стана збор и за претстојната конференција на парламентарните комисии за европски интеграции/прашања на земјите кои учествуваат во Процесот за стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Црна Гора), која ќе се организира во Скопје во април/мај во Собранието на Република Северна Македонија.

Click