Активности

Понеделник, 13 декември 2021

Средба Коциќ - Томан: Европска поддршка од Чешка

Денеска, Ненад Коциќ, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Чешката Република, оствари проштална средба со Н.Е. Мирослав Томан, амбасадор на Чешката Република во Република Северна Македонија. 

Пратеникот Ненад Коциќ се заблагодари на амбасадорот Томан за неговиот личен ангажман за унапредување на билатералните односи меѓу двете држави и изрази очекување да продолжи добрата парламентарна соработка меѓу пријателските групи за соработка на двата парламенти. Тој истакна дека Република Северна Македонија сака да биде дел од европското семејство и интензивно ќе работи на реформскиот процес и агенда за да ја постигне таа своја цел.   

Амбасадорот Томан истакна дека во дипломатските односи особено се почитува и цени парламентарната дипломатија и затоа во иднина таа треба да се унапредува и надградува. Република Северна Македонија секогаш ќе ја има европската поддршка од Чешката Република.      

Click