Активности

Понеделник, 10 мај 2021

Средба Мицевски - Миканадзе     

На денешната средба со претседателот на Парламентарната група за соработка од Грузија со Собранието на Република Северна Македонија, Гиви Миканадзе, пратеникот Никола Мицевски го изрази своето задоволство од средбата со својот гостин и од тоа што во наредниот период во мандатот на овој парламентарен состав тој ќе биде претседател на Парламентарната група за соработка со Грузија.

„Ми претставува задоволство што ќе бидам првиот претседател на оваа Парламентарна група за соработка со вашата земја и ме радува денешната посета на грузиската претседателка. Исто така, се надевам дека оваа висока посета ќе биде поттик во наредниот период да ја продлабочиме нашата соработка, како на политички, така и на економски план“, истакна Мицевски.

Тој го запозна својот гостин со процедурите и функционирањето на законодавниот дом и потенцираше дека во време на неговиот мандат како претседател на Групата за соработка е подготвен да ја интензивира комуникацијата и соработката на Парламентите на секое ниво. Исто така, Мицевски го поздрави денешното потпишувањето на Спогодбата за заемно укинување на визите меѓу двете земји за носителите на биометриски патни исправи. 

Претседателот на Парламентарната група за соработка од Грузија, Гиви Миканадзе, длабоко го изрази своето задоволство и почит од топлиот и пријателски прием во нашата земја и изрази надеж дека во иднина ќе настојува да даде придонес кон тесна и интензивна соработка со Македонскиот парламент. Во таа насока, тој го претстави „Меморандумот за разбирање, партнерство и соработка“, кој очекува да биде потпишан на наредната официјална средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија во Грузија. Исто така, изрази очекување и за тесна соработка и комуникација на двете Парламентарни групи и повика на возвратна посета на Грузија од страна на македонските пратеници.

На крајот и двајцата соговорници се согласија дека во наредниот период ќе работат заеднички на унапредување и продлабочување на заемната соработка меѓу двете страни.

Click