Активности

Среда, 3 февруари 2021

Средба на Арбана Пашоли со националниот координатор Роберт Алаѓозовски

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли, денеска оствари средба со Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

На средбата беше разговарано за улогата на Комитетот во остварување на правата на заедниците во Република Северна Македонија.

Претседателката Пашоли ги запозна присутните со работата на Комитетот и за идните планови, притоа истакнувајќи ја Предлог-програмата за работата на Комитетот за односи меѓу заедниците, која се очекува да се оствари во текот на 2021 година.

Од друга страна, националниот координатор Роберт Алаѓозовски зборуваше за целта и улогата на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020 - 2022 година, документ кој беше изработен од експертски тим, релевантни државни институции и невладини организации. Документот предвидува подобрување на општеството преку отстранување на општествените аномалии. Воедно, тој зборуваше и за Акцискиот план кој ќе помага за поуспешно да се остваруваат целите на Националната стратегија. Во оваа насока Комитетот за односи меѓу заедниците несомнено може да придонесе. 

Двете страни се согласија за важноста на меѓусебната соработка преку разменување на релевантните информации.

Претседателката на Комитетот, Пашоли, му се заблагодари на националниот координатор за средбата и изрази желба и подготвеност да придонесе во насока на интеркултурализмот и истакна дека очекува во иднина уште повеќе  да се интензивират овие средби и заеднички активности.

Click