Активности

Вторник, 11 мај 2021

Средба на генералната секретарка на Собранието, Иванова, со францускиот амбасадор Бомгартнер

Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, денеска се сретна со францускиот амбасадор во земјава, Н.Е. Сирил Бомгартнер.

Присутните изразија задоволство од можноста да остварат средба и да разменат мислења во ова време на пандемиски услови.

Притоа, генералната секретарка Иванова се заблагодари за целокупната помош и поддршка што Собранието, но и државата, ја добива од Француската Република. Таа го информира францускиот амбасадор за тековните случувања во Собранието, начинот на функционирањето и предизвиците со кои се соочува законодавниот дом. 

Соговорниците беа согласни дека меѓусебната соработка се карактеризира со отворен дијалог и покажаа интерес за продлабочување на истата во различни сфери. 

Click