Активности

Четврток, 20 мај 2021 година

Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со здруженијата на граѓани на заедниците - Мрежа за мултикултурно општество

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Арбана Пашоли и членовите на Комитетот, денеска, остварија неформална средба со здруженијата на граѓани на заедниците - Мрежа за мултикултурно општество предводени од г. Миролуб Орландиќ. 

На средбата учествуваше и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците АОПЗ, г. Еран Куртиш и заменикот на оваa агенција г. Џелал Хоџиќ. 

Средбата претставува продолжение на соработката со претставниците на заедниците вклучени во Мрежата за мултикултурно општество, со што се создава простор за запознавање со нивните потреби, барања, како и остварување на заедничките активности во иднина.  

Учесниците во дискусијата ги презентираа нивните идеи, барања и размислувања  во насока на подобрување на понатамошната соработка помеѓу членовите на Комитетот, Мрежата за мултикултурно општество и АОПЗ.

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Арбана Пашоли истакна дека е отворена за соработка со членовите на ова здружение во насока на изнаоѓање на најдобри можни решенија за нивните барања.




 

Click