Активности

 Четврток, 18 февруари 2021 година

Средба на координаторот Митрески со европратеникот Илхан Кјучук

Координаторот на пратеничката групна на СДСМ и коалицијата ,,Можеме“,  денеска оствари средба со европратеникот Илхан Кјучук, известител во Европскиот парламент за Северна Македонија. 

На средбата беше разговарано за работата на Собранието и предизвиците во парламентарното работење за време на пандемијата Ковид-19.

 

Митрески во своето обраќање имаше можност да сподели забелешки за големиот број блокирани закони во Собранието, како и за значењето на функционалноста на Собранието за европскиот пат на Република Северна Македонија.

На средбата соговорниците разговараа и за процесот „Жан Моне“ и потребата од негово продолжување.

Click