Активности

Понеделник, 1 февруари 2021 година

Средба на пратеничката Пашоли со евроамбасадорот Гир

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли, денеска оствари средба со евроамбасадорот Н.Е. Дејвид Гир и политичкиот советник, Јоана Штуберт. 

На средбата беше разговарано за целите, надлежностите на Комитетот и неговата улога во остварување на правата на националните заедници во Република Северна Македонија. Пратеничката Пашоли ги запозна присутните со досегашната работа на Комитетот но и дека силно се залага за идните планови во ова насока притоа истакнувајќи ја и Предлог-програмата за работата на Комитетот за односи меѓу заедниците која се очекува да се оствари во текот на 2021 година.

Евроамбасадорот Гир, го честиташе изборот на Пашоли за претседателка на Комитетот и ја истакна важноста на Комитетот во однос на односите и правата меѓу заедниците и најави поддршка за целокупната работа на Комитетот.

Соговорниците разменија мислења и за други теми како што се актуелните состојби, пандемијата, улогата на невладините организации, како и можностите за пренесување искуства од земјите членки на Европската Унија за зајакнување на капацитетите на Комитетот. 

Претседателката на Комитетот, Пашоли му се заблагодари на Гир за поддршката и соработката и истакна дека очекува во иднина уште повеќе  да се интензивират овие средби и заеднички активности.

Click