Активности

Вторник, 8 јуни 2021

Средба на пратеничката Морачанин со британската амбасадорка Галовеј

Маја Морачанин, координаторка на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата, оствари средба со Н.Е. Рејчел Галовеј, амбасадорка на Британија во Република Северна Македонија.

Пратеничката Морачанин објасни дека во Групата членуваат пратеници од различни политички партии и е формирана во тесна соработка со невладини организации кои дејствуваат во сферата на правата на ЛГБТИ луѓето. Исто така, ја запозна амбасадорката со Акцискиот план за работа на Групата за 2021 година и тековните активности во насока на законски измени, со цел унапредување на правата, заштитата од дискриминација, говор на омраза и насилство на ЛГБТИ луѓето.

Амбасадорката Галовеј искажа подготвеност за поддршка на активностите на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата во насока на подобрување на правата на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија. 

Click